Харис Џиновиќ потврди дека неговото „се распаднало“ пред година и пол, а се шпекулира дека неговата поранешна Мелина исто толку време ужива во друга емотивна врска.
Според приказната, станува збор за две години постар маж кој и’ е познат на јавноста и отсекогаш важел за истакнат заводник и еден од најпосакуваните луѓе од јавниот свет на Балканот.
– Со оглед на тоа дека неговата работа е примарна и сака сликата што постои за него да биде неизвалкана, се договорија да го кријат фактот дека се заедно додека можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската и често се шегуваат дека конечно има партнер кој му прилега – изјавил извор за Ало.
Како што претходно напиша Телеграф, Мелина изнајмила скап стан во луксузна белградска населба во Нов Белград, каде што и сега живее.
Така е откако Харис потврди дека не се заедно и откако јавно изјави дека е „изневерен маж“.
Мелина пред неколку вечери за првпат се појави во јавноста по овие стории , но и тогаш одби да комуницира со медиумите.
Инаку, Харис неодамна за првпат проговори за распадот на својот брак и откри дека Мелина доброволно го напуштила семејниот дом и дека нема простор за „помирување“.
– Таа ме остави мене, не јас неа. Таа ги знае причините. Можеби ми беше тешко пред година, година и пол, бидејќи семејството ми се распаѓа – изјавил тој.
На прашањето дали има можност за помирување, тој беше краток и конкретен:
-Сите живееме таму, сама госпоѓата се иселила по своја волја, па помирување – не, мислам, што знам, вака да го преполовиме лебот, па пак да го склопиме, како ќе биде? – изјави Харис за „Уна“.