Мелони во Пекинг потпиша тригодишен акционен план за соработка меѓу Кина и Италија, Долче и Габана ќе ги облекуваат Кинезите

Италијанската премиерка истакна дека нејзината петдневна посета на Кина претставува „покажување на волјата да се започне нова фаза“ и да се обнови соработката меѓу Пекинг и Рим.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вети денеска дека ќе ја „возобнови“ соработката со Кина, откако го потпиша тригодишниот акционен план за нови форми на соработка за време на нејзината прва официјална посета на Пекинг по преземањето на функцијата.

Мелони го изјави ова за време на средбата со кинескиот премиер Ли Кианг, пренесе АНСА.

Италијанската премиерка истакна дека нејзината петдневна посета на Кина претставува „покажување на волјата да се започне нова фаза“ и да се обнови соработката меѓу Пекинг и Рим.

„Акцискиот план ќе има за цел да воспостави нови форми на соработка“, рече Мелони.

Како што е најавено, Мелони ќе се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Таа присуствуваше и на италијанско-кинескиот бизнис форум, на кој учествуваа италијански компании: производителот на гуми Пирели, енергетската групација ЕНИ, одбранбената групација Леонардо, производителите на вино, како и неколку италијански луксузни модни куќи, како што е Долче и Габана.

„Форумот испраќа уште еден сигнал за взаемен интерес за повеќе да се балансира нашата комерцијална размена“, рече Мелони.

Си на отворањето на форумот рече дека Кина и Италија треба да ја зголемат трговската и инвестициската соработка.

Се очекува за време на посетата на Мелони да бидат потпишани билатерални трговски и индустриски договори, наведува италијанската агенција.

Кина е најголемиот трговски партнер на Италија надвор од ЕУ по САД.

Италијанските директни инвестиции во Кина изнесуваат 15 милијарди евра, а работат повеќе од 1.600 италијански компании, особено во областа на текстилот, машините, фармацевтските, енергетиката и тешката индустрија.

Сепак, Италија ја поддржа одлуката на Европската комисија да воведе привремени царини до 37,6 отсто за електричните возила увезени од Кина.

Членовите на Г7, вклучително и Италија, минатиот месец ветија дека ќе продолжат да преземаат активности за заштита на нивните бизниси од она што тие го сметаат за нефер кинески трговски практики.