Мелони децидна: Нема да има италијански војници во Украина

„Не е планирано национално учество во потенцијална мировна операција на теренот“, изјави Мелони за време на виртуелниот состанок за Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го отфрли учеството на италијанските војници во мировните мисии во Украина. За време на виртуелниот состанок на Коалиција на волните што вчера го организираше британскиот премиер Кир Стармер, Мелони истакна дека италијанските сили нема да учествуваат во потенцијалните мировни операции во Украина, пренесе италијанската агенција АНСА

Таа додаде дека Италија има намера да продолжи да работи со европските и западните партнери, како и со Соединетите Американски Држави, за воспоставување сигурни и ефективни безбедносни гаранции. Мелони имала телефонски разговор со Стармер пред да учествува на состанокот на Коалицијата на волни, пренесува АНСА.

Британскиот премиер Кир Стармер по вчерашниот виртуелен самит на коалицијата на волните изјави дека околу 25 лидери на сојузничките земји во саботата се договориле да продолжат со зајакнување на санкциите кон руската економија со цел да го принудат Владимир Путин да седне на преговарачка маса и да ја прекине војната против Украина.