Италија ќе ја признае палестинската држава само ако сите израелски заложници бидат ослободени и ако палестинската група Хамас биде исклучена од каква било улога во администрацијата на Појасот Газа.
Ова го изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони, која е во Њујорк, како дел од Собранието на Обединетите нации.
„Не сум против признавањето на Палестина, но треба да поставиме приоритети“, изјави таа пред новинарите, предупредувајќи дека италијанската влада ќе достави предлог до парламентот во врска со ова прашање, објавија медиумите .
За време на говорот од Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, Мелони нагласи дека меѓународен притисок треба да се врши врз Хамас, а не врз Израел.
Таа ја обвини палестинската група дека ја започнала војната и го попречила нејзиното завршување со одбивање да ги предаде заложниците. Се очекува Мелони да одржи и говор на Генералното собрание на ОН во наредните денови.
Инаку, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и неколку други земји неодамна ја признаа државата Палестина.