Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре ќе отпатува за Киев за да го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска политички извор.
Мелони, која стана премиерка во октомври, рече дека има намера да го посети Киев пред 24 февруари, првата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.
И покрај несогласувањата во десничарската владејачка коалиција за ова прашање и поделеното јавно мислење, Мелони цврсто ја поддржува Украина.