– Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, синоќа во Тирана остварил средба со Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.
Мета, преку видео објавено на социјалните мрежи, вели дека на средбата двајцата се согласиле дека да се биде во опозиција е голема мисија, а Албанците продолжуваат да бидат главната гаранција за евроатлантското патување на земјата.
– Со лидерот на историската партија на Албанците во Северна Македонија, Демократската партија, Мендух Тачи, ја делиме истата оценка дека да се биде во опозиција е многу голема мисија. Албанците во Северна Македонија, клучен државотворен фактор, ќе продолжат да бидат главната гаранција за европското и евроатлантското патување на оваа соседна земја, пријател, партнер, многу важен за нас и за европската иднина на регионот, оценува Мета.
Мета е познат по своите ставови на поддршка за ВМРО ДПМНЕ, сега актуелната македонска претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, убеденоста во нивната победа, која веднаш по изборите им ја честиташе.