Завршува мерката за ограничување на профитните маржи на некои основни прехранбени производи, кои беа дел од таканаречената есенска потрошувачка кошничка. Одлуката Владата ја донесе во втората половина на септември, а во неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи, чија бруто профитна маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.
Владата предупредува дека остро ќе се спротивстави доколку цените повторно пораснат. По министерот за економија, вчера предупреди и премиерот Христијан Мицкоски дека ќе ги искористат сите средства што им стојат на располагање за да го заштитат стандардот на граѓаните.
„Чекам заедно со оди, трговци и производители да нема бес. Ако дојде до ова, ќе реагираме жестоко и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање“, рече Мицкоски пред учеството на првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.
Министерот за економија Бесар Дурмиши во изјава за медиумите дадена на 25 октомври оцени дека мерката дала резултати бидејќи цените на одредени производи се намалени од пет на десет проценти. Смета дека трговците нема да ги зголемат цените бидејќи од крајот на септември на сила е Законот за нелојална трговија со кој над 2.500 производи имаат ограничена маржа од 10 проценти.
Доколку следниот месец имаме драстично поскапување, ќе преземеме построги мерки“, рече Дурмиши.
Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде што ја обработуваат синдикалната потрошувачка кошничка со показатели за минималните трошоци на едно четиричлено семејство, велат дека мерката на Владата не ги дала посакуваните резултати бидејќи трговците изневерувале.
ЛСМ останува на ставот дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи и синдикатот, а неопходни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.