Месечината, најбрзо движечката планета, вечерва околу 22 часот влегува во Јарец, каде што ќе има позитивно влијание врз Јарците, Девиците и Биковите. Луѓето со оваа положба на Месечината обично не ги изразуваат лесно своите чувства, бидејќи се обидуваат да одржат контрола и стабилност.
Нивните емоции често се предмет на рационализација, а потребата за безбедност и практичност има предност пред спонтаната емоционалност. Оваа позиција укажува на силно чувство на одговорност, често од детството, кога можеби морале прерано да созреат или да се грижат за другите. Месечината во Јарец нема да им се допадне на Раковите, Вагите и Овните.
Потребата за потврда преку резултати
Месечината во Јарец носи силна потреба за достигнување и потврда преку работа, труд и конкретни резултати. Луѓето со оваа позиција честопати емоционално инвестираат во кариера или во долгорочни цели, барајќи чувство на сигурност преку тоа.
Во меѓучовечките односи, тие изгледаат постудени отколку што се всушност, бидејќи им е тешко да покажат ранливост. Тие веруваат дека љубовта треба да се докажува со дела, а не со зборови.
Емоционални предизвици
Оваа позиција може да донесе предизвици во изразувањето на емоциите, па затоа луѓето со Месечина во Јарец честопати мора да научат како да се отворат и да си дозволат да чувствуваат без страв од слабост. Иако изгледаат строги и резервирани, под површината кријат длабоки емоции и потреба за љубов и прифаќање. Само кога се чувствуваат доволно безбедно, дозволуваат некого да им биде поблиску до срцето.