Месечината во Девица носи енергија на аналитичност, перфекционизам и емоционална воздржаност. Месечината е планета која во еден знак се задржува околу 3 дена, а по полноќ влегла во Девица каде позитивно ќе влијае на Девиците, Јарците и Биковите.
Луѓето со оваа позиција на Месечината често се грижливи, внимателни и ориентирани кон деталите, но тие можат да имаат тенденција да бидат премногу критични – и кон себе и кон другите. Нивните чувства се длабоки, но не ги изразуваат нагло или импулсивно, туку промислено и со доза на претпазливост.
Голема моќ на перцепција
Тие наоѓаат емоционална сигурност во ред, организација и чувство на корисност, па често имаат потреба да им помагаат на другите и се чувствуваат најисполнети кога се од корист. Практични се и методични во решавањето на проблемите, а често им е тешко да се опуштат и да се препуштат на спонтаноста бидејќи се стремат кон контрола и совршенство.
Оваа позиција на Месечината носи изразена интуиција која се манифестира преку способноста да се воочат најмалите нијанси во однесувањето на луѓето околу нив, што ги прави одлични советници и пријатели кои забележуваат што им недостасува на другите.
Ред и анализа
Сепак, поради нивната внатрешна потреба за ред и анализа, тие можат да бидат склони кон стрес, особено ако чувствуваат дека работите не се под нивна контрола. Верни се и посветени во љубовта, но им треба време некому целосно да ги отворат своите срца, бидејќи пред се бараат стабилност и сигурност во врските.