Аргентинецот покрај 702 гола запиша и 298 асистенции во европскиот фудбал.
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси синоќа во дресот на Париз Сен Жермен (ПСЖ) го постигна својот 702. погодок во Европа и со тоа го престигна Кристијано Роналдо по бројот на погодоци во петте најсилни европски фудбалски лиги, пренесува Анадолу.
Меси во 26. минута од натпреварот на 30. коло на француската Лига 1 меѓу ПСЖ и Ница го постигна својот 702. погодок во европските фудбалски првенства, купови и европски натпревари, со што го престигна Португалецот Кристијано Роналдо.
Аргентинецот исто така, покрај 702 погодоци запиша и 298 асистенции во европскиот фудбал.
Меси во својата кариера 672 пати ја затресе противничката мрежа во дресот на Барселона, а 30 за ПСЖ, и за еден погодок го надмина Роналдо, кој кариерата ја продолжи надвор од Европа, во саудискиот клуб Ал Наср.
Роналдо настапувајќи за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус постигна 701 погодок.