Меси и друштвото во целосен шок! Славниот Аргентинец во масовна тепачка физички го нападна противникот

Судијата додели дури осум жолти картони, а мало чудо што немаше исклучувања во 90-те минути.

Фудбалерите на Аргентина вечерва го претрпеа првиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во својата Ла Бонбонера, среде Буенос Аирес, пред 57.200 гледачи.

Тоа беше прв пораз за „гаучосите“ од групната фаза на Мундијалот во Катар, а му беше нанесен на светскиот првак Уругвај, кој победи со 2:0 со головите на Араухо во 41. минута и Дарвин Нуњез во 87. минута.

Не треба да се потенцира како овој исход падна на играчите на Аргентина. Натпреварот го одбележаа фаули и конфликти, а најжестоката искра дојде во 20. минута кога Матијас Оливера се пресмета со Родриго Де Пауло . Се започна со навреди и туркање, а потоа во конфликтот влезе и Меси, кој притрча до Оливера, го оттурна прво со десниот лакт, а потоа со левата рака го фати за врат.

Следуваше општа гужва во која најмногу работа имаше судијата. До крајот на натпреварот подели дури осум жолти картони, а мало чудо е што не беше исклучен.

Бразил го претрпе вториот последователен пораз откако загуби со 1:2 од Колумбија во Баранкиља. Иако Бразилците поведоа со голот на Габриел Мартинели по само три минути игра, Луис Дијаз им обезбеди победа и три бода на Колумбијците со головите во 74. и 78. минута.

По поразот Аргентина и натаму е прва со 12 бода, додека Бразил падна на петтото место и има седум бодови. Уругвај остана на второто место, но на само два бода им се доближи на соседите, кои ги победија првпат по 2013 година. По пет одиграни натпревари, Колумбија се пласираше на третото место и има девет бодови.

Во преостанатите натпревари Боливија го победи Перу со 2:0 и со тоа се издигна од дното на табелата. Перу сега е таму. Без голови завршија натпреварите меѓу Венецуела и Еквадор и селекцијата на Чиле и Парагвај.

Во следното коло, на 22 ноември, на Маракана ќе играат Бразил и Аргентина, а преостанатите дуели ќе ги играат Парагвај – Колумбија, Еквадор – Чиле, Уругвај – Боливија и Перу – Венецуела.