Откако Лионел Меси го облече дресот на Интер Мајами, лудилото во САД не престанува. Навивачите „откачија“ по Аргентинецот и веќе ги купија сите сезонски билети за следната сезона.
Клубот од Флорида ги распродаде сите сезонски билети за регуларниот дел од следната сезона во МЛС лигата, потврдија на социјалните мрежи.
Американските медиуми потсетуваат дека во септември Интер Мајами најави двојно поскапување на сезонските билети за 2024 година.