Интер Мајами ноќеска го совлада Нешвил на гостински терен во финалето на Лига купот (1:1, 10:9 на пенали). За Лионел Меси ова е 44-та титула во кариерата. Така, 36-годишниот Аргентинец стана најтрофејниот фудбалер во историјата.
Како дел од Барселона, Меси стана 10-кратен шпански шампион, 7-кратен победник на Купот и 8-кратен победник на Суперкупот на земјата, 4 пати ја освои Лигата на шампионите, 3 пати Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.
Со ПСЖ, Меси двапати го освои францускиот шампионат и еднаш Суперкупот.
Како дел од репрезентацијата на Аргентина, Меси стана светски шампион, победник на Олимпијадата и Купот на Америка, како и победник на Финалисимо во 2022 година и на Светскиот куп за млади во 2005 година