Светската метеоролошка организација (СМО) денес соопшти дека постои 70 проценти веројатност дека помеѓу 2025 и 2029 година просечното глобално затоплување ќе ги надмине прединдустриските нивоа за повеќе од 1,5 степени Целзиусови.
Според годишниот извештај за климата составен од Метеоролошката служба на Велика Британија, врз основа на прогнози од десет центри, а објавен од СМО, се очекува планетата да одржи историски нивоа на затоплување дури и по две од најжешките години во историјата.
За прв пат, податоците укажуваат и на мала веројатност од еден процент дека пред 2030 година светот би можел да доживее година што е за два степени потопла отколку во прединдустриската ера.
„Шокантно е што е можно (топење од) два степени. Се покажа дека е само
еден процент во следните пет години , но веројатноста ќе се зголемува како што се затоплува климата“, предупреди Адам Скејф од Британската метеоролошка служба.
Во извештајот се додава дека постои
80 проценти веројатност глобалните температури да соборат барем еден годишен рекорд за топлина во следните пет години, зголемувајќи го ризикот од
екстремни суши, поплави и
пожари.