На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве, ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот.
Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери, така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев.
А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, истакна Носителот на ИЕ 2 од Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на „Канал 77″.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица