Семејство од Флорида се најде во центарот на медиумите по поплаките дека мечките постојано ги тероризираат, се обидуваат да упаднат во куќата и предизвикуваат штета.
Теана Сајерс живее во округот Ли 29 години, а во последните четири години била преплашена, и за себе и за своето семејство. За нивното страдање сведочат снимките од безбедносните камери кои покажуваат опасни предатори.
Жената се пожалила на локалните медиуми и објаснила дека мечките повеќепати влегувале во нивниот (затворен) трем и се обиделе да ја пробијат лизгачката стаклена врата.
Имаше случаи кога сопругот не можеше да оди на работа, бидејќи мечката седела покрај влезната врата во раните утрински часови“, вели Теана.
Таа истакнува дека неколку пати контактирала со релевантните служби за диви животни, но не добила никаква помош, пренесува UPI.com
Познато е дека мечките во Флорида талкаат во станбени области во потрага по храна, а на камерата биле фатени како провалуваат во гаражи, домови, па дури и крадат алкохол од фрижидери.