Лукот, сокот од лимон и маслиновото масло претставуваат една од најдобрите комбинации, како за имунитет, така и за слабеење.
Комбинацијата на овие три намирници ќе ги елиминира масните наслаги, но и ќе го забрза вашиот метаболизам, со цел да се ослободите од штетните токсини од телото.
Комбинацијата од лук и лимон го регулира шеќерот во крвта, го намалува бројот на триглицериди во крвта, ја подобрува циркулацијата, го регулира лошиот холестерол, но во исто време го подига нивото на добриот холестерол.
Состојки:
1 лимон
3 чешниња лук
1 чаша топла вода
3 капки маслиново масло
Оваа комбинација ги отстранува токсините од телото и го зајакнува имунитетот.
Подготовка:
Исечкајте го лукот, додадете вода, сок од лимон и маслиново масло. Добиената смеса оставете ја да отстои околу 20 минути. Промешајте и процедете во шолја.
По желба можете да додадете мед или јаворов сируп.