Вицепремиерот Изет Меџити, во настап за медиумите, коментирајќи ги неодамнешните постапки на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, рече дека очекувале таа да даде одговор за нереализацијата на проектите или за нешто друго, таа се обидува да игра улога на инспектор и контролор, што според него ја нема, и дека изјавите што ги дава ќе резултираат со тужба.
„Не е ова проблемот, не е ова проблемот. Проблемот е што претпоследниот план на Ахмети со Таравар исто така пропадна, бидејќи Ахмети рече дека ќе излезе на улица и нема да се врати. Но, се чини дека луѓето од ДУИ им го отстапија патот на Данела Арсовска и Левица, па ова е најновата стратегија на Ахмети за дестабилизација на земјата, овој пат преку општините и за жал во соработка со Левица и Данела Арсовска“, изјави Меџити.
Меџити рече дека жали што Данела станала инструмент на Блерим Беџети, но покрај Чаири, би било добро истото да се направи и во општина Сарај, да се видат јавните претпријатија кои се на работ на банкрот, да се дадат одговори за договорот за синот на Блерим Беџети, за интелектуални услуги додека има 17 години.