Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека заминувањето на двете делегации од земјава на Самитот на НАТО во Вашингтон предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски е затоа што и двајцата имаат агенди од нив на овој настан.
Тој зборуваше и за обвинувањата на ДУИ за овој настан, притоа изјавувајќи дека „не можат да се прилагодат на новата реалност да бидат во опозиција“.
„Ги повикувам да бидат конструктивна опозиција и прво да се посветат на реформите во себе доколку сакаат во иднина да бидат сериозен чинител во политичката клима во Македонија. А тоа што премиерот и претседателот на Собранието, кои и двајцата се клучни политички фигури, пред се ја претставуваат Северна Македонија на настанот на НАТО, секако никој не очекува да се држат за рака и да одат таму. Така и двајцата имаат свои агенди, таму се заедно, мислам дека вечерва ќе имаат заеднички настан и заедничка вечера. Според агендата, некој си заминал порано, некој подоцна отколку што имало активности и овде“, вели Меџити на прашањето за реакциите во земјава, зошто две различни делегации отпатувале во Вашингтон и зошто во нив немало претставници од коалицијата ВЛЕН.