Високи функционери на ДУИ вечерва беа во скопски Љуботен, каде на конак одржаа средба со жители од селото.
Во разговор со љуботенци, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити и организациониот секретар Блерим Беџети, добија јасна порака за брза иницијатива до разрешување на Артан Груби и неуспешните министри кои ги има под негова контрола.
Жителите од Љуботен побараа итна сенародна петиција за разрешување на Артан Груби, како и организирање на протестен собир, за да му се докаже дека никој не го сака.
Потпретседателот на ДУИ, Меџити, пак, на социјалните мрежи најави дека никој не може да спречи иницијатива што доаѓа од народот.