Министерството за здравство соопштува дека министерот Фатмир Меџити на работната средба во Обединетото Кралство оствари средба со министерот за извоз, Одделот за бизнис и трговија, Лорд Малколм Офорд од Гаруели, на која изразија подготвеност да го поддржат финансирањето на проектот за изградба на новиот Универзитетски клинички центар.
На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, министерот Меџити ја поздравил континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, кое е втор најголем економски партнер на нашата земја.
„Се разговараше за имплементација и унапредување на извозната стратегија во здравствениот сектор и обезбедување на странски директни инвестиции, како дел од надлежностите на министерот за извоз на ОК.
Министерот за извоз, лорд Орфорд од Гаруели, изрази поддршка и подготвеност за воспоставување соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји“, се наведува во соопштението.