Меџити: Правда ќе има за случаите со Кочани, модуларната болница во Тетово и Ласкарци

Заменик Премиерот Изет Меџити потенцира дека по кочанската трагедија власта извлекла лекција и дека нема да дозволат да се изгуби и девалвира правдата преку институционалните трикови изградени за заштита на недопирливите.

„Кочани, „Беса транс“, ,,модуларната болница во Тетово”, Л),,Ласкарци” – многу тешки трагедии со многу жртви за мала земја како Северна Македонија! Многу болка и семејства завиткани во жалост и оплакување, а многу малку правда за жртвите!“

Додека се молиме за преживеаните и се подготвуваме да се збогуваме со трагично загинатите на 16 март, како Влада ветуваме дека горчливата лекција од Кочани е научена, дека пораката е примена: државата повеќе нема да стои со скрстени раце и нема да дозволи правдата да се изгуби и девалвира преку институционални трикови изградени за заштита на недопирливите!

Нашата борба за подобра Македонија ќе има смисла само кога оние против кои системот беше неправеден ќе почувствуваат дека правдата, сепак, не е поим заробен од мафијата што ја контролира државата, како што за жал беше случај со години во минатото, и дека нивните повици за правда ќе наидат на одговор и реакција“, пишува Меџити на својот Фејсбук профил.

Меџити пишува дека државата ќе постапи, ќе одговара.

„Правда ќе има: за Кочани, за Беса транс, за тетовската болница, за Ласкарца, за сите трагедии кои се предизвикани од корупција и неказнивост, а како резултат на тоа одзедоа животи“, додава тој.