„ВМРО-ДПМНЕ и „ВЛЕН“ преговараат со четворица пратеници од коалицијата на ДУИ да преминат на нивна страна“, изјави за Алфа првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити . Тој рече дека транзицијата на пратеници може да се случи пред формирањето на новата Влада, додека според него, можно е во новата влада да се приклучат и други пратеници од Европскиот фронт.
„Има информации дека уште четворица пратеници од Европскиот фронт веќе преговараат, некои со нас, некои со другата коалиција, па може да паднат на 13, пред формирањето на Владата. По формирањето на Владата, бројката во Европскиот фронт може повторно да се преполови, бидејќи идеолошки не се поврзани, немаат ништо заедничко“, рече Меџити.
Се ближи договорот за формирање Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“. Меџити вели дека во моментов се договараат основните вредности на кои ќе работи новата Влада и подоцна ќе се разговара за поделбата на ресорите.
„И коалицијата „ВАЛЕН“ и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во принцип делат исти вредности, исти принципи за новата Влада, борба против корупцијата, враќање на правната држава. Фокусот ќе биде економскиот развој и животот на граѓаните“, рече Меџити.
Коалицијата „ВАЛЕН“ за уставните измени нема да инсистира тие да се случат по секоја цена. Изет Меџити вели дека ќе се грижи за чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за безбедна интеграција на Македонија.
„Промените зависат прво од најголемата заедница, односно од Македонците во оваа држава. Во никој случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами. Напротив, сакаме да најдеме заеднички пат кон интеграција, што е единствен стремеж за сите граѓани на државата“, рече Меџити.