Изет Меџити од ВЛЕН преку напис на Фејсбук реагираше во врска со предложениот закон за „бранители“. Меџити пишува дека тоа е закон на Славјанка Петровска и Блерим Беџети и дека нема да помине.
Меџити нагласува и дека ДУИ, СДСМ и „Левица“ ги здружиле силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата.
„Предупредувањата за дестабилизација добиваат форма! Милионерите на Фронтот – ДУИ, марионетите на Комунистичката лига на Југославија – СДСМ и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Со оваа цел тие денеска на дневен ред на Собранието дадоа предлог за законот за бранитела и фрлаат нивна клевета“.
„Нашите пратеници се против комплетирање на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на ОВК. Јавно прашувам: дали законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ?“.
„Ги потсетувам милионерите од ДУИ дека со гласовите на нивните министри владата ја финансираше одбраната на Трачуловски во Хаг; за време на нивното владеење неколку пати беше воведен закон за бранители; додека уште полошо – во владините структури на ДУИ е завршен истиот закон само за да можат бранителите да уживаат во различните привилегии, дури и онаа на бесплатните студии на Универзитетот што војниците на ОВК го платија со крв, т.е. Универзитетот во Тетово. “.
На крајот со целосна одговорност повторувам: Законот на Славјанка и Блерим за бранители не поминува!“, напиша Меџити.