,,Ме изневери дома, со мојот соиграч!” Икарди откри сè на суд: Ванда води двоен живот три години!

По десет години Мауро Икарди и Ванда Нара дефинитивно решија да стават точка на бракот.

Својата врска ја започнале со скандал, а на ист начин решиле да ја прекинат. Во 2013 година Ванда го оставила сопругот Макси Лопез со кој има три сина и се омажила за неговиот пријател Икарди со кој подоцна добија две ќерки.

Бројни интриги, скандали и афери го одбележаа и вториот брак на атрактивна Аргентинка.

Нивната врска е во сериозна криза од октомври 2021 година, кога атрактивната русокоса дознала дека нејзиниот љубовник и’ бил неверен.

Своите ,,валкани алишта” ги пуштија во јавност и се чинеше дека меѓу нив сè е готово, но успеаја да ја надминат кризата и да останат заедно.
За жал, мирот не траеше… Две години подоцна сè се распадна.

Обвинувањата се слеваат од двете страни, па нивните средби во судот се крајно динамични и возбудливи.

Во последната тужба Икарди ја обвини Ванда дека со години води двоен живот.

Фудбалерот ги покажа пораките кои ги разменил со мајката на Ванда, како доказ дека атрактивната русокоса со години го изневерувала.

Тој тврди дека нејзиниот љубовник бил поранешниот соиграч од Интер, Кит Балда.

„Таа спиеше со еден од моите поранешни соиграчи во мојата куќа во Милано. Не заборавајте дека се борев за нашето семејство, а таа водеше двоен живот три години и сега излегува со тој тип“, гласи пораката што тој ја прикачи на судот.

Можеби живееше во стрес затоа што мораше да ги крие своите афери, па тоа доведе до болест за која сака да ме обвини мене“, напиша Икарди во друга порака.

Да потсетиме дека поранешната сопруга на наводниот љубовник на Ванда, Балдео, Симона Гуатиери потврди дека фудбалерот е во врска со Аргентинка.

,,Два месеци по нашата венчавка, Мауро ме контактираше за да ме информира за средбата на мојот сопруг и неговата сопруга. Беше во куќата на Мауро, има докази од безбедносните камери”, открила неодамна Симона.