Уметникот за тетоважи Џереми Шофилд Реми тврди дека тетоважите и модификациите на телото – кои чинат над 200.000 долари (181.000 евра) – му помогнале да го подобри неговиот љубовен живот.
Имено, тој во последните 15 години го покрива своето тело со тетоважи, но сега продолжува и со некои други хирушки зафати за да го подобри својот изглед.
Уметникот за тетоважи од Канада тврди дека неговиот изглед никогаш не го спречил да оди на состаноци со девојки, па затоа никогаш не бил сингл.
– Тетоважите и пирсингот само ми го подобрија љубовниот живот, всушност никогаш не сум бил сингл, а мислам дека тоа е поради мојата уникатност – тврди тој.
Тој додаде дека пред да се ожени со сопругата Сара (со која се оженил пред четири години и со која има дете) имал и други долгогодишни врски.
Реми верува дека никој не потрошил толку време и пари на тетоважа како тој, но тврди дека за него тоа е „костум за тело“ со кое се гордее. Освен тетоважите, 136 пати го има прободено телото и има исечен јазик. Покрај сето ова, тој вели дека не планира да престане да го украсува сопственото тело.
– За мене украсувањето на телото е креативен издувен вентил, хоби и страст. Често го мислам моето тело како старец кој слободното време го поминува работејќи на својот автомобил, а поентата е дека јас сум проект, а не производ. Тетовиран сум меѓу 1.500 – 1.600 часа, но тој број постојано расте. Не само што имам идни планови за тетоважи, туку никогаш не планирам да престанам да го тетовирам своето тело – заклучи тој.