Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денес потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми“, Здравко Трајанов, за инвестиции во набавка на механизација и опрема во областа на шумарството и заштитата од природни катастрофи, во вкупна вредност од 48 милиони денари.
„Финансиската поддршка се обезбедува во износ од 100% од вредноста за инвестиции во набавка на механизација и опрема во шумарството и заштитата од природни катастрофи, но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ“, информира Министерството за земјоделие и шумарство.
Овие средства се наменети за купување специјална опрема за гаснење шумски пожари – пумпи; градежни машини – булдожери; комплетен дизел компресор за потребите на изградба на патишта; трактор со кран.
„Оваа директна инвестиција има за цел да го модернизира Јавното претпријатие Национални шуми во однос на заштитата на шумите и ефикасното справување со природни катастрофи“, соопшти Министерството за земјоделие и шумарство.