Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство.
- Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение, пишува во изјавата на министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.