Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со цитат од Иво Андриќ по интервјуто на неговата сопруга Јелена Карлеуша во кое таа го спомна во негативен контекст.
Мизерен е оној што треба да понижи некого за да се издигне“, се вели во објавата на поранешниот фудбалер.
Да потсетиме, Јелена во интервју за Стори зборуваше за бракот со Душко Тошиќ.
– Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Сето тоа што го набројав ме направи толку силна – изјавила меѓу другото ЈК.