Познатиот рокер Мик Џегер и неговата долгогодишна девојка Мелани Хемрик и официјално се верија, открија за медиумите нивни блиски пријатели.
Избраничката на Џегер, Мелани (36) минатиот месец крена прашина во медиумите носејќи го таканаречениот „ветен прстен“ кој беше подарок од самиот Мик Џегер (79).
Мелани била во американскиот балетски театар и им кажувала на своите пријатели дека е верена со Мик. Беше многу јасно дека се работи за веренички прстен и дека таа сега е негова свршеница. Нејзиното семејство знае дека се верени и се пресреќни. Немаат планови за свадба, но веридбата и значи многу на Мелани, вели таа. Сите нејзини пријатели се среќни за неа – изјавил извор за Mirror.
Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека тие двајца се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверо. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука. Претходно извор за американските медиуми ги откри деталите од нивната врска.
– Мик целосно се промени. Многу ги менуваше девојките. Сепак, Мелани и Деверо одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен – рече тој.