Миланов: Досега се уништени околу 300 тони небезбедна храна

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, вчера на ТВ21 соопшти дека досега се уништени околу 300 тони небезбедна храна.

Според него, контролите се зајакнати и повеќето небезбедни намирници се повлечени од пазарот пред да стигнат до потрошувачите.

„Откриени се околу 300 тони небезбедна храна поради непочитување на истата храна. Станува збор за слатки, млечни производи, сувомеснати производи, преработена храна, природни минерални води, мед, овошје, зеленчук“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој рече дека иако АХВ е одговорна за спроведување на контролите за безбедност на храната, крајната одговорност за небезбедната храна е на операторите.

„Ние како Агенција имаме обврска да вршиме редовни контроли и да ја гарантираме безбедноста на храната што се пласира на пазарот, но операторите како субјекти кои обезбедуваат храна сносат целосна одговорност за она што го нудат на потрошувачите“, рече Оливер Миланов.

Миланов меѓу другото додаде дека Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со контролите и ќе ги санкционира сите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и јавното здравје.