Пауло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Договорот на 51-годишниот стручњак е на три години.
Тренерот роден во Мозамбик, кој има и португалско државјанство, неодамна го водеше францускиот Лил. Тој го наследува на позицијатаСтефано Пиоли.
Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал. Во периодот 2019-2021 година беше на чело на Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор Доњецк.
Тренерската кариера на Фонсека минува и преку Брага, Пакош Фереира, Порто и Алавес.