Милатовиќ: „Ѓукановиќ ќе го пратам во политичка пензија“

Милатовиќ им се заблагодари и на медиумите, интелектуалците и граѓанските активисти кои посакуваат и подобра и поправедна Црна Гора и истакна дека очекува уште посилна поддршка во вториот изборен круг.

Претседателскиот кандидат на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, кој освои 29,2 отсто од гласовите на синоќа одржаните претседателски избори во Црна Гора, изјави дека неговиот резултат е победа на цела Црна Гора. Милатовиќ нагласи дека синоќешниот резултат ќе се потврди и за 14 дена, кога ќе се одржи вториот круг избори, на кои противкандидат ќе му биде актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, известува Анадолу.

„Ова е победа на сите оние кои факелот на слободата го носеа 30 години, оние кои беа дискриминирани, чии деца бараа подобра иднина, кои беа сиромашни. Ова е победа на порамноправна и пофер Црна Гора“, рече Милатовиќ.

Им се заблагодари на сите партии и листи кои го поддржаа и нагласи дека ова е „победа на цела Црна Гора, победа која ја чекаа генерации и генерации“.

Според неговите зборови, на 2 април ќе го прати Мило Ѓукановиќ во „политичка пензија“.

Милатовиќ им се заблагодари и на медиумите, интелектуалците и граѓанските активисти кои посакуваат и подобра и поправедна Црна Гора и истакна дека очекува уште посилна поддршка во вториот изборен круг.