Луѓето најмногу коментираат дека Милена Поповиќ станала поубава, а за тоа сведочат нејзините фотографии на Инстаграм каде редовно објавува слики.
Така беше и овојпат кога вдовицата на Оливер Ивановиќ сподели фотографија, а нејзините бујни гради ,,паѓаат” во око.
Таа носеше црвен летен фустан со длабоко деколте и ја имаше пуштено косата.
Коментарите за нејзиниот изглед едноставно не стивнуваа, а многумина се согласија дека таа никогаш не изгледала поубаво..
Да потсетиме, Милена моментално ужива во љубовта со Игор Јуриќ, а нивната врска веќе подолго време ја заинтригира јавноста. Неодамна дури се појавија гласини дека парот се венчал откако Милена се појавила со прстен на десната рака.
Игор и Милена до сега ниту ги потврдуваа, ниту ги демантираа наводите за венчавката, но факт е дека тие се многу среќни заедно.
Многумина коментираа дека токму нивната врска ја прави Милена да изгледа поубаво секој ден, а повеќе нејзини фотографии погледнете во галеријата подолу: