– Од Стејт департментот денеска кажаа дека ситуацијата во Русија останува динамична додавајќи дека немаат сознанија за местоположбата на Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија „Вагнер“.
-Ова безусловно е нешто ново, да се гледа како власта на претседатеолот Путин е ставена пред директен предизвик. Ова е нешто ново кога Евгениј Пригожин ја стави под директен сомнеж оваа војна и укажа на тоа дека војната што се води всушност е заснована на лага, изјави за новинарите портпаролот Метју Милер.
Државниот секретар Ентони Блинкен претходно пак соопшти дека по наредба на претседателот тој го ангажирал својот тим на заемни дејства со руската страна за да се обезбеди заштита на американскиот персонал, како и заштита за сите американски државјани во Русија.
Претседателот Џо Бајден денеска изјаи дека обидот за бунт на „Вагнер“ против Кремљ е дел од внатрешната борба во рускиот систем и дека САД и сојузниците немаат никаква поврзаност со тоа.