Бунтовниците на движењето М23 го зазедоа стратешки важниот град Кањабајонга на истокот на Демократска Република Конго!
– Стратешки важниот град Кањабајонга во петокот падна под контрола на бунтовниците М23 – пренесува локалниот портал Actualite, додавајќи дека армијата на Руанда им помогнала на милитантите.
Според порталот, владините трупи и борците на нерегуларните сили на Вазеланд давале отпор цел месец.
Кањабајонга има околу 65.000 жители и неговото освојување ќе им овозможи на бунтовниците да ги нападнат околните големи градови.
Движењето М23, кое се бори за интересите на етничкото малцинство Тутси, пропадна во ноември 2013 година по тежок воен пораз. Бунтовниците повторно зедоа оружје во 2021 година, обвинувајќи ги властите за прекршување на договорот што предвидуваше прием на разоружани борци М23 во армијата.
Конгоските власти тврдат дека соседна Руанда ги поддржува бунтовниците, додека двете земји истовремено разменија обвинувања за гранатирање на пограничните области. Жестоките конфликти на истокот од земјата доведоа до мировни преговори во 2022 година во Ангола, по што беше договорено деескалација на односите меѓу соседите.
Од М23, пак, наведуваат дека немаат обврска да го почитуваат договорот.