Милица Павловиќ не сакаше повеќе да молчи – проговори за крајот на пријателството со Карлеушa: Cè e поради гостувањето во емисијата на Цецa (фото)

Милица Павловиќ ќе настапи пред белградската публика за дочекот на 2025 година, а за време на интервјуто за медиумите вчера откри дали нејзиното пријателство со Јелена Карлеуша било нарушено откако Милица одговорила на поканата на Светлана Ражнатовиќ Цеца и гостувала на нејзиното шоу. 

Ова е една од темите за која се шпекулира на социјалните мрежи, откако ЈК и Милица повеќе не објавуваат заеднички фотографии…

– Разбирам зошто луѓето размислуваат така, но знаете и самите дека со некои пријатели немате толку многу заеднички слики на Инстаграм, но се дружите. Јас и Јелена сè уште сме една за друга, се слушаме и се поддржуваме – изјави Милица за World Radio. 

Поп дивата неодамна го објави својот прв парфем наречен „ЈА“, а Милица вели дека сè уште не го ,,пробала”, бидејќи чека Карлеуша да и’ го подари. 

– Чекам да ми даде парфем. Сакав да го купам, но бидејќи слушнав дека ќе ми го даде… – објасни таа.