Американската тенисерка Ема Наваро која годинава дебитираше на Вимблдон е доказ дека спортот не е само за сиромашните .
Ема (23), моментално 19. рангирана тенисерка во светот, е и 19. носител на Вимблдон за жени и во првите две кола успеа да ги победи Кинеската Ванг и Јапонката Наоми Осака со многу убедлив резултат.
Таа неодамна беше на 17-тото место на ВТА ранг-листата и се смета дека моментално е во многу добра фаза од нејзината кариера.
Исто така, таа ја освои и првата титула во кариерата на голем турнир и сега има можност да ја покаже својата вредност во светот на тенисот, а како млада тенисерка допрва доаѓа нејзиното време.
Таа заработи 1.074.546 долари од награди, но оние кои малку подлабоко ја знаат приказната знаат колку финансиски „тежи“ Ема.
Имено, нејзиното семејство е основач на Sherman Financial Group уште во 1998 година, а поседува и голем број хотели и поседува бројни тениски турнири во вредност од околу 300.000.000 долари.
Поточно, нејзиниот татко е прв човек во целата операција, па Бен Наваро вреди неверојатни 1,5 милијарди долари, што ја прави Ема најбогатата тенисерка, побогата од Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.