Како што сите знаеме и гледаме на апликацијата, Илон Маск го смени логото на Твитер од препознатливата сина птица во огромен X, кој сега се појави на зградата на компанијата која се наоѓа во Сан Франциско.
Откако Илон сподели фотографија со новото лого на зградата, како и видео, луѓето почнаа да му прават брутални шеги.
– Изгледа морничаво – напиша еден твитерџија.
– За ова го отфрлија едно од најпрепознатливите логоа на интернет, навистина не ми се верува – пишува друг.
„Навистина е импресивно колку е просечно сè што прави овој човек“, коментира трет и забележува: „Тие дури и не го симнаа знакот на Твитер“.
„Дали ова е направено од отпад? праша четвртиот, а петтиот заклучи: „Изгледа екстремно лошо”.
Се огласи и Маск, кој ,,твиташе” фотографии и видеа од новиот знак и ги информираше твитерџиите дека „сопственикот на зградата постојано повикува полиција поради промените на знакот“.