Милијардерот Јан Кум пристигна во Хрватска.
Милијардерот и основач на WhatsApp, Јан Кум, пристигна во Хрватска со својата „супер-јахта“ и моментално ужива во близина на Лопуд, пишува Dubrovnik Times.
Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари, додека јахтата се проценува на 200 милиони долари. Има хелиодром и може да прими до 15 гости.
Ова не е прв пат милијардерот со украинско потекло да ужива во Хрватска, па пред три години го посети овој дел од регионот.