Милорад Додик: “САД да прифатат дека Република Српска нема да дозволи за нејзината судбина да одлучуваат други“

„САД треба да прифатат дека Република Српска и нејзините граѓани никогаш нема да дозволат за нивната судбина да одлучуваат други“, истакна денес претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик.

Откако американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан изјави дека оригиналниот Дејтон потекнува од негово перо и дека сакаат да се фокусираат на тоа институциите на власта да функционираат како што се дизајнирани да функционираат, Милорад Додик за медиумите изјави дека е добро да се знае дека Џејмс О’Брајан смета оти сите треба и на тоа да се фокусираат.

Милорад Додик истакна дека тоа значи дека сите мора да го почитуваат Уставот на Босна и Херцеговина и напишаното во него, како и Дејтонскиот мировен договор.

Босна и ХерцеговинаМилорад ДодикполитикаРепублика СрпскаСАД