Милошоски во име на Македонија се обрати во Конгресот на САД за безбедноста во Европа

Пратеникот Антонио Милошоски во име на Македонија говорел во Конгресот на САД во врска со безбедноста во Европа.

,,Ми беше чест да се обратам во името на Македонија на дебатата во американскиот Конгрес на тема важноста на трансатланската соработка за безбедноста во Европа”, објави Милошоски.

Организатори на настанот биле конгресмените Пит Сешнс и Боб Адерхолт, а свои обраќања имале и колеги пратеници од Италија, Литванија, Австрија, Словачка, Украина, Албанија, Полска, Германија и други држави.

На настанот се обратил и министерот за животна средина Изет Меџити, а присуствувале и пратеникот Благој Бочварски, како и министерот за здравство Арбен Таравари.