Одлуките на вчерашниот самит во Брисел покажаа дека проширувањето на ЕУ од политика на заслуги се претвори во буџетско-политичка трговија, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Милошоски за „Слободен печат“ вели дека пред неколку дена Европската комисија стопила 11 милијарди евра блокирани за официјална Будимпешта и за возврат унгарскиот премиер ја напуштил седницата и дозволил одлуката за почеток на преговорите на ЕУ со Украина донесена без вето. .
„Со сета почит кон Украина и Молдавија, но оваа одлука за почеток на преговорите за членство повеќе личи на геополитички подарок отколку на заслужен чекор заснован на постигнатите стандарди за реформи или подобрување на добрососедските односи. Ваквата одлука ги поткопува десетгодишните напори на сите земји од Западен Балкан, на кои ветувањата за европска перспектива дадени на самитот во Солун во 2003 година со право денес им изгледаат како истрошени фрази.
Исто така, ваквите одлуки докажаа дека доколку највлијателните членки на ЕУ сакаат да донесат одлука за почеток на преговори со земји како Македонија или Албанија, тоа можат да го направат во рок од 8 часа, без разлика дали формалниот внатрешен блокатор се вика Бугарија или Грција. Но, јасно е дека нема таква политичка волја“, рече Милошоски.
Тој додава дека примерот на 12-годишните преговори водени од Црна Гора и Србија, кои не стигнаа никаде, најдобро покажува дека со нашиот регион дел од членките на ЕУ сакаат поблиски врски, силни, заеднички проекти, интеграција на одреден степен, но не и полноправно членство.