Потпретседателот на Собрание и пратеник од ВМРО, Антонио Милошоски во гостувањето на ТВ Алфа најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат од Собранието автентично толкување на Законот за надворешни работи, посебно на делот за обврската на секој амбасадор да ги претстави своите дипломатски тези пред пратениците.
Доколку Собранието утврди дека овој чин е составен дел од процедурата и услов за некој да биде упатен за амбасадор, тогаш од МНР Муцунски ќе се побара да се вратат назад сите амбасадори кои биле упатени на мандат без да го поминат филтерот на собраниската комисија.
Такви упатувања, со потпис на поранешниот претседател Пендаровски, а без настап пред комисијата за надворешна политика, имаше во случаите со:
Љубомир Фрчкоски (ОН Нју Јорк, веќе поднесе оставка),
Андреј Жерновски (Букурешт),
Мето Белески (Брисел),
Катерина Ставревска (Лондон),
Џенк Сејфула (Стокхолм),
Пајо Авировиќ (ОБСЕ, Виена),
Емил Крстевски (Прага)
Јакуп Реџепи (Сараево)
Агнеза Руси (Софија), и
Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица).