Поранешната учесничка на реалити ТВ, Мина Врбашки еднаш призна, за време на нејзиното учество во „Задруза“, дека се занимавала со проституција на 16 години.
Старлетата Мина Врбашки тогаш во шокантната исповед на милиони им призна дека го практикувала најстариот занает и откри како сето тоа започнало.
-На некој начин се каам, на некој начин не, затоа што на себе и на моето семејство им обезбедив тоа што го бараа. Не сакам да кажам колку заработив од првата проституција во која зачекорив на 16 години. Тоа беше најлошиот ден, односно кога бев во него, тие денови се најлоши. Моите штотуку дознаа сега. Мајка ми не знаеше. Таа се сомневаше и ме праша неколку пати, но јас не признав дека така заработувам – рекла Мина одговарајќи на новинарските прашања.
-Секогаш и велев дека никогаш нема да го направам тоа за себе и за нив. Верував дека никогаш нема да знае, но немав храброст да и кажам. И кажав дека сум позајмила пари, а кога ме праша за долговите, и реков дека сите тие пари и ги дадов од се срце и се оттргнав од темата гледајќи дека не ми верува. Се изборив, отидов на психијатар. Моите две пријателки знаеја дека го правам тоа, но јас не ни разговарав со нив за тоа.
Инаку, Мина Врбашки целосно го промени животот. Го промени нејзиниот живот од корен.
Сега вели дека тој период од животот и е минато.
-Да, далечно минато. Тргнав по друг пат. Наскоро почнувам со курс кој треба да го завршам, а потоа засекогаш ќе ја напуштам оваа земја. За мене тоа се последните чекори на сцената и медиумите овде. Се чувствувам како повеќе да не припаѓам овде.
Мина Врбашки се почести со букет поголем од себе, мистериозен маж надмина се.