ФК Вардар несомнено претставува еден од најголемите клубови во историјата на македонскиот фудбал.
Откако изминативе години клубот падна во финансиска криза а претходната сезозна Вардар падна во Втората македонска фудбалска лига се чинеше дека тешко ќе може да се врати таму каде што припаѓа. За среќа Вардар успеаа да се врати во Првата лига но со тоа не ги реши и финансиските проблеми.
Денеска, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук профил се пофали дека купил 30 сезонски билети надевајќи се дека така ќе ја реши финансиската криза на Вардар.
,,Денес купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб.
Со срце за Вардар!” – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Во прилог може да ги погледнете и фотографиите кои тој ги објави:
Дали ова е искрен потег или ефтин ПР трик, оставаме да покаже времето.