Министерот Муцунски во посета на Стразбур, ќе има средби со високи претставници на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Стразбур, Франција.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе учествува и ќе зборува на свечениот настан организиран по повод Денот на независноста – 8 септември.

Дополнително, планирано е да се одржат работни средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Хаџивасилиу, со заменик-гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томаш Бочек, со генералниот директор за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа, Џанлука Еспозито, како и со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.