Министерот од Уганда вели дека гладните луѓе се идиоти

Министер од владата на Уганда се соочува со критики откако ги нарече „идиоти“ оние кои умреа од глад во неговата земја.

Многумина ги сметаа коментарите на Хенри Окело Орием за несоодветни, пренесува bbc.

Во 2022 година, повеќе од 2.200 луѓе умреле од глад и слични болести во североисточна Уганда, се вели во извештајот на официјалното тело за човекови права.

Но, Орјем тврдеше дека со оглед на поволната клима и плодната почва на Уганда, луѓето треба да можат да одгледуваат храна за себе.

„Само идиот, вистински идиот, може да умре од глад во Уганда“, изјави државниот министер за надворешни работи за НТВ Уганда.

„Ако работите, има доволно земја во Уганда. Климата е погодна и покрај климатските промени. Ако вложите двојни напори за да излезете наутро, да ја обработите вашата земја, да го засадите вашето семе, да ја одржувате плантажата, без сомнение, како тогаш не можете да добиете храна?“, праша тој.

Инаку, покрај тоа што уби многу луѓе, недостигот на храна на североистокот остави речиси половина милион луѓе во „акутен глад“, се вели во извештајот на уставно формираната Комисија за човекови права на Уганда.