Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се обрати на трибината „И машкото здравје е важно“ организирана од Здружението за унапредување на здавјето „Филип Лукаровски“ и Македонскиот полициски синдикат по повод месецот на машкото здравје.
-Од аспект на Министерството за внатрешни работи, веќе со децении наназад, особено поради природата на работата, на надлежностите и одговорностите на вработените, независно дали станува збор за полициски службеници, овластени лица или службеници, нивната психо-физичката состојба се третира со особено должно внимание не само како организациски туку и како суштински неспорен критериум нормиран преку низа интерни акти и правилници а се со цел постигнување максимален професионален потенцијал во извршување на секојдневните задачи.
Од круцијална важност е да почнеме поотворено и постручно да зборуваме како луѓе и како општество и на оваа тема – темата на машкото здравје, особено околу перспективите на концепциски осмислена превенција во насока на заштита и на машкото здравје, тргнувајќи пред се од пораката дека не смееме да дозволиме да се води само индивидуална борба и тоа во „тишина”, надвор од нужната помош и поддршка.
Би сакал да упатам и апел до колегите, вработени во МВР, не само заради почитување на пропишаните норми туку и заради непосредниот личен интерес да одат на редовни медицински прегледи и скрининг тестови, бидејќи покрај заедничките напори, потребно е подигнување на свесноста и индивидуална грижа за сопственото здравје, рече Спасовски