Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со претставниците на Синдикатот за здравство по повод потпишувањето на Договорот меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.
Од Министерството за здравство велат дека станува збор за утврдување најниска плата за здравствените работници и ќе се спроведе зголемувањето од 10 проценти за сите здравствени работници, предвидено со општиот колективен договор.
„На денешната средба го потпишавме Договорот за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за измена и комплетирање на Колективниот договор за здравствениот сектор со кој се зголемуваат платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималните . Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита на пациентите“, истакна на средбата министерот Меџити.
Од Министерството за здравство велат дека индивидуалните колективни договори ќе се однесуваат на Самостојните синдикати на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и другите јавни здравствени установи во земјава.